Европски купови
Лазаров: Горд сум, ова е голем успех за македонскиот ракомет

Алкалоид го доби реваншот со Баја Маре со убедливи 32-25 и обезбеди билет за полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.
Алкалоид му одржа лекција на Баја Маре и обезбеди полуфинале во Европскиот Куп
Македонскиот прволигаш го надигра и му одржа лекција на романскиот претставник и сосема заслужено оди во наредната фаза каде за ривал ќе го има Рунар од Норвешка, состав кој за место во Топ 4 го мина грчки Олимпијакос.
-Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа затоа што ни почнува плејофот во првенството. Немаме време да се израдуваме, но така е во професионалниот спорт, на високо ниво. Ова е голем успех играчите, клубот, македонскиот ракомет, клуб составен од 95 проценти од македонски играчи да се пласира во едно европско полуфинале. Тоа ме прави мене горд, се надевам дека и луѓето од клубот исто.
-Што се однесува до натпреварот, честитки до момците за пристапот, сериозноста, пожртвуваноста и борбата која треба да ја покажуваат и пласманот во полуфиналето. Се чувствува во дадени моменти дека ни фали искуство, рутина да бидеме подобри. Сум задоволен од пласманот и мислам дека треба да тежнееме во некои сегменти да имаме подобра реакција и подобри автоматизми. Како и да е, ова е огромен успех и одиме на норвешниот преставник Рунар. Од оние информации кои ги имам, се уште ги немам гледано, но ќе ни очекува еден атомски ракомет. Се надевам на уште подобро изданија во иднина, ама и сум свесен дека нема да биде лесно затоа што во ростерот го немаме нашиот најдобар играч Марко Митев, истакна тренерот Кире Лазаров.
Сега Алкалоид ќе треба да се фокусира на дерби средбата со Вардар во домашниот шампионат и тоа во рамките на првото коло на плејофот во Суперлигата.
-
Шпанија11 часа
Анчелоти за синот на легенда на Реал: Може да добиеме бинго со него! (Видео)
-
НБА10 часа
Дончиќ го извади од патики „бејби Јокиќ“ и стана вирален хит во Америка (Видео)
-
Шпанија9 часа
Модриќ шокиран од подарокот кој го доби Реал: Ова е пенал? (Видео)
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го коментирал стилот на игра на Барселона: Ако не менуваш, во еден момент ќе потфрлиш
-
Шпанија12 часа
Непријатен дуел на теренот заврши со експресна измена и итна операција на Силесен во Виго (Видео)
-
АТП7 часа
Иванишевиќ за најтешката страна од соработката со Ѓоковиќ: Веќе не мора да работам ништо во тенисот
-
НБА11 часа
Бостон урна рекорд стар повеќе од 50 години, ЛеБрон ја запечати победата над Хјустон (Видео)
-
Свет21 час
Голман доби бизарен подарок откако беше прогласен за играч на натпреварот во Норвешка (Фото)