Поврзете се со нас

Англија

Аморим за сензационалните вести: Веќе му кажав на Бруно дека нема да мрдне од Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Бруно Фернандеш без конкуренција е најконстантниот играч на Манчестер Јунајтед со години наназад, па токму поради тоа му беше врачена и капитенската лента.

Иако добар дел од јавноста смета дека Португалецот не поседува карактер за да биде лидер на тимот, Рубен Аморим продолжи да му верува на сонародникот и остави да биде капитен, а сега актуелниот менаџер се испречува и како човек кој му ја затвора вратата на Бруно од „Олд Трафорд“.

Ферднандеш во изминатите неколку дена почна да се поврзува со сензационален трансфер во Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок, опција која според Аморим воопшто не треба да биде разгледувана од противничкиот табор.

– Бруно во Реал Мадрид? Тоа нема да се случи!, – изјави Аморим пред англиските новинари, кои го потпрашаа зошто изгледа толку уверено во својот став.

– Нема да мрдне од тука бидејќи веќе му кажав дека нема да дозволам такво нешто, – додава Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни