Поврзете се со нас

Италија

Саки разочаран од Милан: Срамно лоша одбрана…

Објавено

на

Милан го претрпе деветтиот сезонски пораз во Серија А, пораз од Наполи од 2-1 што ги стави во уште потешка позиција кога е во прашање борбата за позициите кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2025/2026.

„Росонерите“ покажаа слабости кои беа искористени од домаќинот кој за 19 минути игра дојде до водство од 2-0 и потоа пронајде начин да ја сочува предноста, односно да дојде до трите бода со кои остана да држи чекор со водечкиот Интер.

Ариго Саки како добар познавач на италијанскиот фудбал е разочаран од Милан, а воедно смета дека Наполи ќе биде уште подобар во следниов период.

-Ова не беше најдобриот настап на Наполи оваа сезона, но беше доволно да се надигра срамно лошата одбрана на Милан и да остане во трката за титулата. Тимот на Конте делуваше малку несмасно, но тоа е разбирливо. Тие се млади и се борат како луди за секоја топка. Тие даваат сè за остварување на нивниот сон. Конте ги турка, бара максимални напори. Тој знае дека Интер е неверојатно силен и дека нема да биде лесно. Но, неговата решителност не им дава ниту сантиметар простор на неговите ривали. Наполи ќе биде подобар во следните натпревари, -истакна Саки кој е розочаран од Милан.

-Не можете само да се правите луд кога ќе ги видите грешките кои доведоа до головите на Наполи. Како е можно играчите да се така позиционирани. И во второто полувреме, каде имаше одредени реакции, тимот делуваше неорганизирано и хаотично. Во реалноста, кога работите ќе тргнат наопаку од самиот почеток, тешко е да се исправат, -порача Саки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни