НБА
Бостон урна рекорд стар повеќе од 50 години, ЛеБрон ја запечати победата над Хјустон (Видео)

Бостон игра шампионска кошарка и оваа сезона, а со победата која беше остварена рано утрово, оваа генерација играчи на Селтикси се запишаа во историјата на легендарната франшиза.
Тимот на Џо Мацула имаше и шесто гостување во низа во НБА лигата рано утрово, но откако успеа да запише исто толку победи, излезе податок дека ова е најдобрата серија надвор од „Ти-Ди Гарден“ во историјата.
Триумфот над Мемфис со резултат 103:117 беше шести во низа далеку од својот дом, па поставен беше и еден друг рекорд со 32 победи на гостувањата во текот на една сезона, учинок кој последно бил остварен од тим на Бостон во 1975-та година.
Лидер во најновата победа за актуелниот шампион беше Хорфорд со 26 поени, Тејтум уфрли еден помалку, додека на спротивната страна се истакна Морант исто така со 26 поени.
Од останатите средби рано утрово, за издвојување е дербито меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон, на кое во финишот свое шоу имаше ЛеБрон Џејмс.
Покрај што беше одлучувачки со клучни поени, „кралот Џејмс“ покажа моќ и со извонредна блокада ја спречи и последната надеж на Хјустон за враќање во мечот (104:98).
ЛеБрон го заврши мечот со 16 поени, 8 скокови и 4 асистенции, Дончиќ уфрли 20 поени, а исто толку постигна и Винсент.
6-0 roadtrip 👏
First time in franchise history btw 🤩 pic.twitter.com/cWbrnnU5mL
— Boston Celtics (@celtics) April 1, 2025
Luka Doncic & LeBron James ikilisi, Houston Rockets’a karşı da sahnedeydi 👀
🌟 Luka: 20 sayı | 6 ribaund | 9 asist
🌟 LeBron: 16 sayı | 8 ribaund | 4 asist pic.twitter.com/TXD8E9P8mv— NBA Türkiye (@NBATurkiye) April 1, 2025
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија15 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Германија8 часа
Астрономската плата на Дејвис предизвикала интерен бунт во соблекувалната на Баерн