Шпанија
Непријатен дуел на теренот заврши со експресна измена и итна операција на Силесен во Виго (Видео)

Лас Палмас успеа да извлече голем бод на тешкото гостување во Виго во обидот да остане блиску до екипите кои се во сигурната зона во Ла Лига, но како што стојат работите, тимот од Канарските Острови до крајот на сезоната најверојатно нема да може да смета на еден од своите најдобри играчи.
Јаспер Силесен вчера беше повлечен од игра по само 27 одиграни минути на „Балаидос“ и итно беше изваден од тренерот на гостите, сето тоа како последица на жестокиот удар кој го доби во дуелот со Борха Иглесијас.
Непријатниот судир и ударот во пределот на стомакот го натераа Силесен да побара медицинска помош на теренот, по што на носилки беше изваден од игра и испратен во болница.
По направените детални прегледи на абдоменот, лекарите утврдиле дека Силесен добил перформација на тенкото црево, поради што итно бил опериран во раните утрински часови.
Според информациите, поранешниот голман на Барселона и Валенсија се наоѓа во стабилна состојба, но повеќе од веројатно е дека ќе отсуствува од терените во периодот кога Лас Палмас ќе води грчевита борба за опстанок.
Видеото од непријатниот дуел погледнете го ТУКА
🙏 Cillessen llega al hospital tras su choque con Borja Iglesias.
👉 El futbolista tiene perforado el intestino.
❤️ Recupérate pronto, @JasperCillessen. pic.twitter.com/i9sXahchBI
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 31, 2025
-
Свет23 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија21 час
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија19 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија20 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА18 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија22 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА8 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона