Англија
Руни за одлуката на Трент: Бев во слично искушение, вината треба да се бара во Ливерпул

Англиската спортска јавност на големо пишува за трансферот на Трент Александер Арнолд во Реал Мадрид и според многумина тоа е завршена работа, без оглед на тоа што двата клуба засега воопшто не се огласуваат на оваа тема.
Медиумскиот молк на десниот бек уште повеќе ја зоврива ситуацијата и со таквиот однос си заработи доста критики од фановите на Ливерпул, а бидејќи на два месеци пред крајот на сезоната станува е појасно дека нема да го продолжи договорот, десниот бек доби одбрана од луѓе од кои сигурно не очекуваше такво нешто.
По Рио Фердинанд, во одбрана на Трент застана и најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед, бидејќи според легендарниот Вејн Руни, главен виновник за актуелната состојба со неговиот договор е Ливерпул, клуб кој не успеал навреме да го осигура својот фантастичен дефанзивец.
– Ако на крајот се случи Трент да заврши во Реал претстојново лето, фановите на Ливерпул треба да бидат фер кон него. И јас еднаш бев пред големо искушение да одам во Шпанија. Трент има 26 години, му истекува договорот и сега е во ситуација кога може да бира. Да ја заврши цела кариера во Ливерпул, или да оди во Реал Мадрид.
– Да сака да го напушти Ливерпул поради било кој друг клуб, би можеле да го доведуваме во прашање, но тука зборуваме за Реал Мадрид, тоа е потег на кариерата. Реал е најголем клуб во светот, клуб со неверојатна историја и тоа би била неверојатна шанса за Трент. Го разбирам ако мисли дека тоа е нешто што не се одбива.
– Го разбирам и ставот на фановите, сфаќам дека се вознемирени, дури и лути од одлуката за заминување. Сите навивачи сакаат да го видат локалното момче како успева во клубот и како ја завршува кариерата дома. Фактот што ќе си оди без обесштетување уште повеќе ги нервира фановите, но за тоа е виновен Ливерпул, а не Трент. Не може да го обвинувате ако сега сака да почувствува нешто друго. Ако оди во Реал Мадрид, му посакувам се најдобро, – вели Руни.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони