Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик потврди дека добива две засилувања за полуфиналето со Атлетико

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик нема многу време за одмор и анализа на добрите изданија кои ги имаше Барселона во Ла Лига во период од 72 часа, од едноставна причина што неговиот тим веќе утре има нов сериозен предизвик.

По воведните возбудливи 4:4 на „Монжуик“ против Атлетико Мадрид, реванш полуфиналето во Копа дел Реј се сели утре на „Метрополитано“ во Мадрид, а во пресрет на новиот дуел со „душекџиите“, Германецот не штедеше комплименти за играта на противникот и стилот кој го негува Диего Симеоне.

– Атлетико игра агресивен фудбал и секогаш со највисок можен интензитет. Тие си имаа свој стил и навистина ми се допаѓа истиот. Играат со голема брзина, наметнуваат висок ритам и навистина сум импресиониран од нив.

– Атлетико има тренер кој оствари големи нешта со овој тим и често има извонредни решенија на теренот. Знаеме што можеме да очекуваме, за мене ова е како финале пред финалето, – изјави Флик, кој откри дека добива две засилувања за полуфиналето во Кубарси и Рафиња.

– Кубарси е подготвен да се врати во тимот и да почне од самиот старт. Истото важи и за Рафиња. Рафиња одмораше на последните два меча и му дадовме време да рехабилитира. Донесовме правилна одлука и утре двајцата ќе можат да ни помогнат, – изјави Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни