Поврзете се со нас

Македонија

Тасевски назначен за генерален секретар, Кастратовиќ, Начевски и Стрезовски добија функции во РФМ

Објавено

на

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе повеќе одлуки на состанокот одржан во текот на вчерашниот ден.

Влатко Тасевски е назначен за нов генерален секретар, а функции во РФМ добија повеќе добро познати ракометни имиња како Индира Кастратовиќ, Драган Начевски и Гино Стрезовски.

Почитувани,

Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на Македонија, Управниот Одбор на ден 27.03.2025 година ги донесе следните  Одлуки по итност, согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.):

1.            За назначување на г-дин Тасевски Влатко за Генерален Секретар на РФМ согласно едногласната предлог одлука на Комисијата за спроведување на избор за Генерален Секретар на РФМ за избор на единствениот кандидат Тасевски Влатко за Генерален Секретар на Ракометна Федерација на Македонија;

2.            За членови на Комисија за натпреварување  при РФМ се назначуваат:  Претседател на Комисија за натпреварување Бобан Мајнов и за членови на Комисија за натпреварување се именуваат Иван Јосифовски и Кристијан Василевски;

3.            За членови на Дисциплинска Комисија при РФМ се назначуваат:  Претседател на Дисциплинска Комисија  Среќко Ѓорѓиевски и за членови на Дисциплинска Комисија се именуваат Тони Николовски и Кристина Лукрис;

4.            За членови на Регистрациона Комисија при РФМ се назначуваат:  Претседател на Регистрациона Комисија  Методи Лесански и за членови на Регистрациона Комисија се именуваат Силвана Карбеска и Марија Јовчева;

5.            За членови на Арбитражна Комисија при РФМ се назначуваат:  Претседател на Арбитражна Комисија Борко Бајалски и  за членови на Арбитражна Комисија се именуваат Татјана Ацковска и Игор Дамчевски;

6.            За членови на Комисија за лиценцирање при РФМ се назначуваат:  Претседател на Комисија за лиценцирање Горан Милошевски и  за членови на Комисијата за лиценцирање се именуваат Саше Алексовски и Мартин Масков;

7.            За именување на г-ѓа Индира Кастратовиќ  за Спортски координатор за Женски репрезентации при РФМ;

8.            За именување на г-дин Гино Стрезовски за Советник на Претсeдателот на РФМ за Женски селекции при РФМ;

9.            За именување на г-дин Драган Начевски за Советник на Претседателот на РФМ за Машки селекции при РФМ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни