Поврзете се со нас

Германија

РБ Лајпциг му додели отказ на тренерот кој не му даде вистинска шанса на Елмас

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

Раководството на РБ Лајпциг сепак го загуби трпението со Марко Розе и му додели отказ во завршниот дел од сезоната во Бундеслигата.

Стручњакот кој не му даде вистинска шанса на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, ќе мора да си бара нова работа, бидејќи неговиот тим не ги исполни очекувањата на менаџментот и фановите актуелнава сезона.

„Биковите“ имаат само една победа на последните шест натпревари и паднаа на шестата позиција на бундеслигашката табела, па вчерашниот пораз од Борусија Менхенгладбах испровоцирал експресна реакција на одговорните луѓе.

Засега не е познато кој ќе го наследи Розе, а очигледно е дека Лајпциг ќе мора да најде привремена солуција за куп пресметката со Штутгарт, која е закажана за во среда и има посебно значење за клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни