Поврзете се со нас

Шпанија

Лас Палмас излезе со соопштение за итната операција која му била направена на Силесен (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/UDLP_Oficial

Јаспер Силесен доби непријатен удар во пределот на стомакот и веднаш беше изваден од игра на натпреварот против Селта Виго, а во раните утрински часови подлегнал и на оперативен зафат.

За да се спречи пообилно внатрешно крварење како последица на перформацијата која била утврдена од лекарите, итно било препорачано да се направи оперативен зафат, па сега Холанѓанецот ќе мора да се опоравува од незгодната повреда.

Непријатен дуел на теренот заврши со експресна измена и итна операција на Силесен во Виго (Видео)

Шпанските медиуми веќе објавија дека Силесен е во добра општа состојба по направениот зафат во болницата во Виго, а сега и Лас Палмас како клуб обелодени дека голманот добро се опоравува од дуелот кој го имаше со Борха Иглесијас.

– Нашиот голман Јаспер Силесен успешно беше опериран од перфорирација на тенкото црево. Интервенцијата беше направена лапароскопски.

– Повредата настана како резултат на судир со играчот на Селта Виго, Борха Иглесијас, – се вели во соопштението на клубот од Канарските Острови.

Во објавата не се открива колку долго ќе мора да паузира искусниот голман, но постои можност за него сезоната да е веќе завршена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни