Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда го прегази Виртус, ПАО направи голем пресврт против Макаби

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Црвена Звезда одигра доминантно прво полувреме и ја обезбеди победата против Виртус (88:52) во Евролигата, додека Панатинаикос успеа да дојде до триумф со голем пресврт во последниот период против Макаби Тел Авив (92:99).

Во Белград „црвено-белите“ не дозволија кикс пред своите фанови и го откажаа противникот од Италија уште на полувреме, кое заврши со резултат 51:27.

Третиот и четвртиот период само ја комплетираа сликата за доминацијата на српскиот претставник, кој се бори за место во следната фаза на Евролигата.

Давидовац со 17 и Петрушев со 16 поени ги предводеа реализаторите во победничката екипа, додека кај Виртус, Шенгелија го заврши натпреварот со 13 поени.

Макаби имаше плус 15 на стартот на последниот период во дуелот со Панатинаикос, но и тоа не беше доволно за победа над грчкиот тим.

ПАО направи голем пресврт во завршницата и со оваа победа, останува на третото место на евролигашката табела.

Нан со 26 поени го предводеше гостинскиот тим, додека Рендолф реализираше 21 во редовите на Макаби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни