Германија
Баерн Минхен донел одлука за иднината на ветеранот Милер

Раководството на Баерн Минхен го информирало Томас Милер за конечната одлука околу евентуалното продолжување на соработката и според истото, ветеранот нема иднина на „Алијанц Арена“.
35-годишниот Милер посакуваше да остане барем уште една сезона во редовите на Баварците, но уште пред две недели му било соопштено дека клубот нема да му понуди продолжување на договорот и ова му е последна сезона во клубот со кој ги постигна најголемите успеси во кариерата.
Ексклузивата ја објави секогаш добро информираниот „Билд“, а претставници на Баерн не сакале да ја коментираат информацијата поврзана со иднината на Милер.
Нејасно е какви се плановите на напаѓачот и дали планира да ја продолжи кариерата во МЛС или некое друго првенство, но германските медиуми се убедени дека Баерн ќе му понуди клупска функција веднаш штом реши да ја заврши кариерата.
Милер цела кариера ја мина во редовите на Баерн, а дел од првиот тим е од 2008 година, при што освои голем број трофеи, вклучувајќи два во Лигата на шампионите.
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија18 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија17 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата