НБА
Општа тепачка во НБА лигата заврши со седум исклучувања во Минеаполис (Видео)

НБА програмата донесе седум натпревари во раните утрински часови, но вест на денот е една некошаркарска вест, а за истата се погрижија членовите на Минесота и Детроит.
Воведот на втората четвртина ни донесе неверојатен хаос на теренот, бидејќи почетното кошкање на Рид и Холанд се претвори во општа тепачка, во која се вклучија и двајца тренери.
По почетната караница, ситуацијата ескалираше кога во клинчот се вмеша и Донте Дивинченцо, по што следеше голем хаос и општа тепачка во која на подот заврши и камерманот.
На крајот, судиите имаа многу работа и мораа да ги решаваат работите со исклучувања, па така предвреме во соблекувалната беа испратени седуммина.
Детроит остана без својот главен тренер Бикерстаф, без центарот Стјуарт и без Холанд и Сејсер, додека исклучувања од Минесота добија Рид, Дивинченцо и помошник тренерот, Пабло Приџони.
Од целиот овој хаос на крајот профитираше домашниот тим, бидејќи Минесота успеа да направи пресврт и да слави со убедливи 123:104.
MAJOR FIGHT IN THE PISTONS WOLVES GAME 😱 pic.twitter.com/3ecv9CnHDB
— HOOPS HIGHLIGHTS 🎥 (@_HoopsNation) March 30, 2025
— Rob Perez (@WorldWideWob) March 30, 2025
-
Свет21 час
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија18 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија17 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија18 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија20 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА15 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Шпанија24 часа
Ханси Флик ги подбра играчите кои не се радуваа на победата над Селта: Не можам да ги разберам
-
НБА6 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)