Македонија
Шкендија и Работнички не погрешија, Силекс не успеа да го скрши отпорот на борбениот Тиквеш

Фудбалерите на Шкендија славеа против АП Брера (2:1) во денешниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига и максимално го искористија ремито на Силекс, кој во Кратово не успеа да го скрши отпорот на борбениот Тиквеш.
Искусниот Бесарт Ибраими постигна два гола, што беше доволно Шкендија да освои три планирани бодови против екипата од долниот дел на табелата, па сега стигна до вкупно 53 и четири бодови повеќе од второпласираниот Силекс.
Во Кратово, гостите први постигнаа гол преку Мишев во 31. минута, Додев четири минути подоцна донесе израмнување, а иницијативата на избраниците на Александар Васоски не донесе погодок за пресврт на тешкиот терен на кој се играше средбата.
Работнички уште еднаш сезонава стигна до победа со 1:0, овојпат победен е тимот на Беса со голот на Рушевиќ од пенал.
Струга и Шкупи одиграа реми без голови, додека Воска Спорт успеа да го победи Гостивар со 0:2.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)