Германија
Компани со прва изјава за алармантната повреда на Мусиала

Баерн Минхен успеа да направи пресврт и да оствари победа на Аугзбург, но истата нема да се памети по добро поради незгодната повреда која ја заработи Џамал Мусиала.
Еден од најдобрите играчи на баварскиот великан се пожали на повреда на задната ложа и во прв момент ситуацијата не изгледа воопшто добро, па во пресрет на деталните медицински прегледи кои ќе бидат направени, од клубот веќе го прецртаа за првиот четвртфинален меч со Интер во Лигата на шампиони.
Ако се гледа реално, Мусиала има големи шанси да направи подолга пауза од неколку недели, а во тој правец оди и изјавата на Венсан Компани кој најави дека ќе го подготвува својот тим без германскиот репрезентативец.
– Џамал почувствува нешто лошо во задната ложа и не знаеме за што точно се работи. Ќе мора да почекаме и да видиме од деталните прегледи.
– Јасно е дека ќе мора да го решаваме неговото отсуство во тимот. Тоа нема да ни послужи како оправдување, едноставно мора да продолжиме напред и без него. Се надеваме дека кога Џамал ќе ни се врати, ние ќе имаме победено на повеќе натпревари и дека ќе може да ни помогне во финишот од сезоната, – изјави Компани.
Во краток временски интервал, Баерн остана без низа клучни играчи за четвртфиналето со Интер, бидејќи покрај Мусиала, претходно тешки повреди заработија и Упамекано и Дејвис.
– Ние ќе направиме целосна анализа врз Интер, а потоа ќе го одлучиме пристапот и системот кој ќе го употребиме. Имаме многу талентиран состав со големо искуство, имаме играчи кои можат да одговорат во различни улоги. Потребни ни се сите во вакви ситуации, секој играч што е фит треба да биде подготвен. И покрај се, наша цел останува да победиме на секој меч, – изјави Компани.
-
Лига на шампиони24 часа
УЕФА донесе одлука за случајот Реал Мадрид, тројца играчи се казнети!
-
Германија22 часа
Крај на една успешна приказна: Хумелс заминува во фудбалска пензија (ВИДЕО)
-
Германија19 часа
Баерн скапо ја плати победата над Аугзбург (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Гвардиола за Де Брујне: Би се обложил на многу пари…
-
Одбојка20 часа
Јанта Волеј и Наковски Волеј обезбедија финале во Купот на Македонија
-
Свет20 часа
Роналдо со два гола го реши големото дерби во Саудиска Арабија (ВИДЕО)
-
Германија8 часа
Милер ги избегна новинарите, па го прекина молкот и најави крај на една ера (Фото)
-
Репрезентација23 часа
Во продажба билетите за мечот Македонија-Полска, средствата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани