Поврзете се со нас

Англија

Сатон прогнозира: Сити ќе слави во дербито на Манчестер, сите натпревари можат да се одиграат со еден тип

Објавено

на

Нови возбудувања се на програмата во Премиер лигата и тоа натпревари од 31. рунда од која според пласманот на табелата дербито е меѓу Астон Вила и Нотингем Форест, но на хартија најпривлечно, највозбудливо е градското соочуваање меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Од денеска до понеделник се играа мечевите од ова коло, а некогашниот напаѓач на Астон Вила и Челси, Крис Сатон даде свои типови, прогноза со точен резултат.

Ако се погледнат типовите тогаш се доаѓа до заклучок дека сите пресметки ќе бидат од два до четири гола. Некогашниот најдобар стрелец во ПЛ очекува Сити да слави на „Олд Трафорд“ додека Ливерпул да направи нов исчекор кон обезбедувањето на премиерлигашката титула.

Типови на Сатон:

Евертон-Арсенал 1-1

Кристал Палас-Брајтон 1-1

Ипсвич-Вулверхемптон 2-1

Вест Хем-Борнмут 1-2

Астон Вила-Нотингем Форест 1-1

Брентфорд-Челси 2-2

Фулам-Ливерпул 1-2

Тотенхем-Саутемптон 3-0

Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити 1-2

Лестер-Њукасл 0-2

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни