Поврзете се со нас

Шпанија

Гути: Јамал најдобар? Да се биде најдобар значи…

Објавено

на

Ламин Јамал е еден од најголемите таленти на светската фудбалска сцена, ас кој едноставно прави разлика на теренот како во дресот на Барселона така и за шпанската репрезентација.

Тој се уште е малолетен и има само 17 години што е навистина фантастично, неверојатно ако се земе предвид квалитетот, знаењето што го покажува, па тие партии носат и многу споредби, прашања, дилеми за тоа дали може да се каже дека уште сега е меѓу најдобрите фудбалери на светот.

-Тој е светлосни години понапред од она што јас го направив. Дали е најдобар? Што значи да се биде најдобар? Да се ​​биде најдобар значи да се биде најдобар на секој натпревар, а тој не е најдобар на секој натпревар. Тоа му се случува исто како Килијан Мбапе или Винисиус Жуниор. Тој има огромен талент и често зборуваме за тоа како не постигнува гол, но со додавањата што ги прави го одлучува натпреварот. Тој е играч кој може да го реши натпреварот со едно додавање, -вели Гути кој за споредбите со Лео Меси кратко порача:

-Ова не го видов од Меси на истата возраст. Тој е ѕвезда во Ла Лига, но сепак е млад играч. Тој во моментов е репер на Барселона, -истакна легендата на „кралевите“, а пренесува „Мундо Депортиво“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни