Поврзете се со нас

Германија

Баерн скапо ја плати победата над Аугзбург (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен не згреши и оствари победа над Аузгург од 3-1 во баварската пресметка во 28. коло во првата лига на Германија.

Избраниците на Компани со пресврт дојдоа до посакуваниот резултат и посакуваните три бода, но овој триумф донесе и една лоша вест која е сериозен удар во пресрет на четвртфиналето со Интер во Лигата на шампионите.

Имено во вториот дел се повреди еден од најдобрите играчи Џамал Мусуала кој со помош мораше да го напушти теренот и ако се суди по ова дефинитивно ќе треба да направи пауза од терените некое време.

Токму Мусиала беше тој што израмни во 42 минута и го најави пресвртот кој го комплетираа Кејн и Матсима кој си постигна автогол во 93 минута.

Сега Баерн има девет бода повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен на шест кола до крајот.

ОВДЕ погледнете ги погодоците.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни