Англија
МекТомини за својот престој во Јунајтед: Најчесто бев користен на неприродни позиции

Скот МекТомини доби целосно слобода за игра во Наполи и делува далеку поимпресивно како поофанзивен фудбалер во системот на Антонио Конте, изданија со кои само ги надополни добрите офанзивни претстави кои ги имаше и во својата последна сезона во Манчестер Јунајтед.
Играчот за врска беше принуден да го напушти саканиот Јунајтед и без многу емоции замина во Неапол, а после речиси девет месеци минати во тимот на Антонио Конте, првпат посочи дека всушност во Наполи се чувствува и далеку покомотно на теренот.
Причина за тоа е фактот што во Јунајтед доста често беше игран на неприродна позиција, односно како играч за врска кој има далеку подефанзивни задачи.
– Кога влегов во првиот тим на Јунајтед, многу чесот бев погрешно користен и игран на позиции кои не ми се природни. Сепак, тоа не беше вина на ниту еден тренер. Моите силни страни отсекогаш биле офанзивните карактеристики, влегувањето во шеснаесетникот и постигнувањето голови. Отсекогаш сум бил проблем во шеснаесетникот, но јас најчесто бев користен како дефанзивен играч, како „6-ка“, или како стопер, а тоа не беше мојата природа.
– Сепак, кога играш за првиот тим на Манчестер Јунајтед на таа возраст, не може да затропате на вратата на менаџерот и да очекувате да играте поофанзивно, да играте на местото на Пол Погба. Дури последната сезона почнав да играм поофанзивно и почесто да бидам во шеснаесетникот. Така постигнав повеќе голови и последната сезона беше моја најдобра во клубот. Манчестер Јунајтед секогаш купуваше нови играчи, а јас секогаш бев со истиот менталитет. Бев подготвен за игра во секој момент, само сакав да ја зграбам шансата, без разлика на позицијата на која сум користен, – открива МекТомини.
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)