Формула 1
Ферстапен за добивањето нов тимски колега по две трки: Мојот „лајк“ е доволно објаснување

Актуелниот светски Формула 1 шампион, Макс Ферстапен вели дека неговата реакција на социјалните мрежи најдобро го потврдува неговиот став околу последната контроверзна одлука на Ред Бул.
Раководството на неговиот тим реши да го испрати Лиам Лоусон во вториот тим по само две трки, а неговото место како тимски колега на Ферстапен ќе го заземе Јуки Цунода.
Во пресрет на гран-при возбудувањата во Јапонија, Ферстапен имал средба со новинарите, појаснувајќи дека „лајкот“ на Инстаграм е потврда за неговиот став околу ова прашање.
– Го лајкнав коментарот, текстот, тоа веројатно кажува се што е потребно, нели? – рекол Ферстапен, кој како и вообичаено не сакал предетално да навлегува во темата.
– Се што мислам на оваа тема е кажано од моја страна кај одговорните во тимот, но понекогаш не е потребно се да биде пренесено во јавноста. Мислам дека е подобро така, – вели најголемиот адут на Ред Бул.
Инаку, Макс и медиумите зборувал за Инстаграм коментар на поранешниот холандски Ф1 пилот, Гидо ван дер Гард, кој важи за близок пријател на Ферстапен сениор. Во него, Ван дер Гард го опишал префрлуваето на Лоусон во вториот тим како паничен потег и нешто што го потсетува на булинг.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата