Шпанија
Флик: Сакате да кажам нешто за Реал…

Барселона ја очекува реванш средбата со Атлетико Мадрид во Копа Дел Реј, меч кој е закажан за утре од 21:30 часот на „Метрополитано“.
Тоа е средба која се почнува од „нула“ со оглед на тоа што првото соочување заврши со луд резултат 4-4, па затоа со нетрпение се очекува оваа пресметка.
Тренерот Хански Флик говореше за овој меч, противникот, но дел од новинарите, медиумите сакаа да го навлечат да даде коментар за Реал Мадрид и Карло Анчелоти кој претходно говореше за каталонците.
Анчелоти го коментирал стилот на игра на Барселона: Ако не менуваш, во еден момент ќе потфрлиш
-Мислам дека можеме да видиме дека играме добро. Играме добар фудбал. Го гледам тоа, а навивачите го препознаваат. Тие се среќни. Мислам дека не треба да се споредуваме со Реал Мадрид. Сакаш да кажам нешто, но јас нема тоа да го направам. Реал Мадрид е фантастичен, а исто и Атлетико Мадрид и нивниот тренер. Тој знае сè за фудбалот. Ќе видиме како сето тоа ќе заврши, но јас сум задоволен од тоа како се одвиваат работите. Мора да освојуваме титули и како што реков, ќе дадеме се од себе. Ќе видиме што ќе се случи-истакна Германецот кој навести промени во пристапот на утрешниот меч.
-Имаме наша идеја како утре да играме, може ќе смениме нешто. Ама ќе видите утре, не денес, ќе видите утре, -порача Флик.
-
НБА11 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
НБА15 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија14 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Македонија13 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Балкан5 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Македонија12 часа
Куп завршница: Полуфиналната ждрепка донесе големо дерби и добра вест за Вардар
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…