Поврзете се со нас

Европски првенства

Велшаните одиграа пријателска средба и започнаа хуманитарна акција

Објавено

на

Навивачите на Велс кои дојдоа во Скопје за вечерва да ја бодрат својата репрезентација на дуелот со Македонија во рамки од квалификациите за ЕП, денеска точно на пладне одиграа пријателски натпревар со ФК Слободен.

Македонскиот клуб е четвртолигаш, а натпреварот се играше на теренот крај Фудбалската федерација на Македонија.

Во духот на пријателството и хуманоста, Велшаните во Скопје почнаа и акција за собирање на средства за настраданите во трагедијата во Кочани.

Ангел Јанков од ФК Слободен и Рис Хартли, претставникот на армијата велшки навивачи во Македонија денеска беа гости во програмата на „Спортско радио 90,3 ФМ“.

Комплетниот прилог и разговорот со нив проследете го на нашата програма на следниот аудио линк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни