Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Црвена Звезда

Објавено

на

Вардар брзо договори хуманитарен натпревар против Црвена Звезда со цел да се соберат парични средства за семејствата кои ги загубија своите најблиски во големата трагедија во Кочани, а на 11 дена пред пресметката на старите ривали, македонскиот великан ги пушти билетите во продажба.

Како што беше претходно објавено, Вардар одреди симболични суми од 200 денари за Јужната и Северната и 100 денари за Западната и Источната трибина, а од денеска, фановите може да ги купуваат истите преку е-платформата која беше објавена на официјалниот сајт.

Според најавите, за очекување е на 16-ти април да гледаме полни трибини на националната арена „Тодор Проески“, а повеќе од јасно е дека дел од натпреварот ќе бидат и големи фудбалски легенди.

Хуманитарното дерби меѓу балканските ривали ќе се игра под рефлектори во вечерен термин од 20:00 часот, натпревар кој само ќе потврди дека фудбалот често знае да биде иницијатор на големи солидарни потези во трагедии како онаа што се случи минатиот месеци.

Билетите можат да бидат купени на следниот ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни