Фед куп
Тенисерките славеа над Грузија во разигрувањето во Били Џин Кинг Купот

Македонската женска тениска репрезентација славеше над Грузија во разигрувањето од 4. до 6. место во Били Џин Кинг Купот, поточно во втората евроафриканска зона што се игра во Вилнус (Литванија).
Нашите тенисерки беа подобри од Грузија со 2-1 и утре ќе се соочат со Израел во борбата за четвртото место.
Избраничките на Лабудовиќ беа подобри во сингл дуелите што беше доволно за да се дојде до посакуваниот триумф. Имено Магдалена Стоилковска славеше над Зозија Кардава со 2-1 во сетови, додека пак Лина Ѓорческа беше подобра од Екатерине Горгодзе, односно при водство на тетовката од 1-0 во сетови, ривалката го предаде мечот поради повреда.
Потоа во дуелот во двојки шанса добија Теона АНдова и Ива Данева, кои загубија од Натела Џаламидзе и Оксана Калашникова со 2-0 во сетови (60 61).
-
НБА12 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
НБА16 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија15 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Балкан6 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Македонија13 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Италија14 часа
Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент