Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне му симна капа на еден играч на Барселона: Сите треба да учат од него

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Диего Симеоне одби да го окарактеризира утрешниот натпревар против Барселона како „финале“, од едноставна причина што аргентинскиот стручњак и натаму се води по логиката „меч по меч“ која ја применува уште од првиот ден во шпанската престолнина.

По воведните 4:4 на „Монжуик“ во спектакуларниот натпрвар кој се одигра минатиот месец, Атлетико утре ќе ја пречека Барселона во реванш полуфиналето во Копа дел Реј, средба пред која Симеоне говореше за противникот, но и за најдобриот голгетер, Роберт Левандовски.

– Утре играме полуфонале, а не финале. Ако успееме да победиме, ќе имаме можност да ги израдуваме нашите навивачи и да играме финале. Првиот натпревар заврши 4:4, мечот беше интензивен и одигравме одлично против ривал кој е многу опасен.

– Барселона напаѓа со огромна храброст, сигурно е дека ќе создадат доста шанси и утре, но ние ќе треба да добро да ги интерпретираме нивните намери. Немам ништо против оние кои велат дека немаме никакви шанси за пласман во финалето, но наше е да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто од себе.

– Левандовски? Сакам јавно да му честитам за тоа што го прави, има извонредна сезона. Го почитувам и му се восхитувам за целата работа, за упорноста и истрајноста. Тоа е играч кој мора да се почитува. За сите „9ки“ во светот, тој е играч кој мора да го гледаат и од кого можат многу да научат, – посочи Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни