Евролига
Одличниот Шортс го сруши европскиот шампион, Реал го преживеа пеколот во Белград (ВИДЕО)

Одличниот Ти-Џеј Шортс со неговиот Париз оствари голема победа над Панатинаикос од 101:98 на вечерашниот натпревар од 32. коло во Евролигата.
Гостите од Франција имаа апсолутна контрола на резултатот и играта три четвртини, домаќините се вратија и се заканија во завршниот период, но клубот од Париз го издржа притисокот и му зема мерка на актуелниот европски шампион.
Македонскиот репрезентативец Шортс одигра на високо ниво или поточно беше на чекор од трипл-дабл, реализираше 20 поени со 9 скока и 14 асистенции. Кај домаќините се издвои Нан со 22 кошеви, 8 скока и 9 асистенции.
Реал Мадрид пак го преживеа пеколот во Белград и славеше над Црвена Звезда со 78:72. Таварес запиша дабл-дабл од 14 поени и 10 скока, двоцифрени пак беа Кампацо и Љуљ со по 11 кошеви, кај поразените залуден беше учинокот на Милер Мекинтајер од 24 поени.
Од шестото од десеттото место сите екипи имаат учинок 18-14 и ќе биде неверојатно драматично во завршните две рунди за тоа кој ќе обезбеди директно место во плејофот, а кој ќе игра плејин.
Резултати:
Анадолу Ефес-Макаби Тел Авив 90:88
Фенербахче-Басконија 82:77
Алба Берлин-Виртус Болоња 64:108
This season is WILD!😮
Endless possibilities in the standings and just two games left from the regular season📊
Presented by @VisitAbuDhabi pic.twitter.com/sffMezcl06
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 28, 2025
-
Шпанија12 часа
Анчелоти за синот на легенда на Реал: Може да добиеме бинго со него! (Видео)
-
НБА12 часа
Дончиќ го извади од патики „бејби Јокиќ“ и стана вирален хит во Америка (Видео)
-
Шпанија10 часа
Модриќ шокиран од подарокот кој го доби Реал: Ова е пенал? (Видео)
-
Шпанија14 часа
Непријатен дуел на теренот заврши со експресна измена и итна операција на Силесен во Виго (Видео)
-
НБА13 часа
Бостон урна рекорд стар повеќе од 50 години, ЛеБрон ја запечати победата над Хјустон (Видео)
-
Италија10 часа
Вокер до соиграч во Милан: Додај ја топката, никој во овој тим не е Меси! (Видео)
-
АТП8 часа
Иванишевиќ за најтешката страна од соработката со Ѓоковиќ: Веќе не мора да работам ништо во тенисот
-
Свет23 часа
Голман доби бизарен подарок откако беше прогласен за играч на натпреварот во Норвешка (Фото)