Мото ГП
Недопирливиот Маркез го израмни историскиот потфат на Нијето во Аргентина

Црвената боја очигледно му донесе многу среќа на Марк Маркез, бидејќи осумкратниот светски шампион изгледа навистина недопирливи на стартот на новата сезона во Мото ГП шампионатот.
Трансферот во фабричкиот тим на Дукати според многумина беше последното нешто што му требаше на италијанскиот тим, но извонредниот Шпанец многу брзо почна да ги побива ваквите теории, и тоа со совршено возење на највисоката сцена.
Откако имаше перфектен старт на новата авантура со двојна победа во Тајланс, Маркез издоминира и на трката во Аргентина, повторно славејќи во дуелот со својот брат Алекс.
Маркез беше најбрз на вчерашниот спринт и одново освои максимални бодови во генералниот пласман, бидејќи победничкиот ритам го продолжи и на главната трка.
Иако имаше мали проблеми и во два наврати беше блиску до излетување од патеката, Марк успеа да добие нова битка со својот брат и да заврши прв, а уште подобра вест за него беше тоа што Пеко Бањаја заврши четврти, зад Франко Морбидели.
По импресивните два викенди, Марк има максимални 72 бода и има 16 повеќе од својот брат, односно 31 од својот колега во Дукати, Италијанецот Бањаја.
Инаку, за Маркез ова беше јубилејна 90-та победа во кариерата, па со тоа се израмни со славниот Анхел Нијето како трет на вечната листа. Пред него се само Џакомо Агостини со 122 и Валентино Роси со 115.
-
НБА12 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
НБА16 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија15 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Балкан6 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Македонија13 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Италија14 часа
Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент