Поврзете се со нас

Италија

Мота го прекина молкот и го посочи играчот за кој посебно жали што го продал: Направивме грешка

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Тиаго Мота не го преживеа турбулентниот период во Торино и заработи отказ по тешките порази од Аталанта и Фиорентина во краток временски интервал, што воедно беше и продолжување на кризата по елиминациите во Лигата на шампиони и Копа Италија.

Раководството на клубот реагираше за време на репрезентативната пауза и му врачи отказ на Мота, а неполни две седмици откако го направи тоа, Тиаго се појави во јавноста и го одработи првото подолго интервју.

Мота го прекина медиумскиот молк и прифати разговор за „Кориере дела Сера“, па така си даде за право да одговори на сите оние кои го нарекоа неговиот мандат како крајно неуспешен.

– Тешко е да се анализира во ситуација кога јас бев толку блиску до тимот, но јасно е дека преовладува разочарување. Тоа особено важи за елиминациите во Копа Италија и Лигата на шампиони. Како и да е, не се согласувам дека ова цела сезона беше неуспех. Мојата работа беше прекината кога бевме на само еден бод од местата кои водат во Лигата на шампиони, а тоа беше примарна цел на стартот на сезоната.

– Кога ја прифатив работата во Јувентус, знаев дека добивам тригодишен проект, во кој е потребно да се направи револуција и да се направи радикално подмалдување на тимот. Знам дека во клубови како Јувентус нема многу време и секогаш се бараат победи, особено после години во кои немало големи успеси. На крајот, проектот не заврши онака како што посакувавме и замислувавме, но не се согласувам дека бевме неуспешни, – вели Тиаго Мота, кој од сите продажби кои ги одобри, вели дека посебно жали за еден играч.

Мота прифати да бидат ослобедени играчи како Киеза, Данило, Кин и Фаџоли, но тој изненади со именувањето на играчот за кој направил најголема грешка.

– Има еден играч за кој направивме грешка што не го задржавме, а тоа е Николуси Кавилја. Тој покажува завиден квалитет во Венеција и требаше да добие шанса, – потенцира Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни