Репрезентација
Милевски: Велс е сериозна репрезентација, има горчина…

Македонија беше многу блиску до втората победа во квалификациите за Светското првенство, односно до истата не делеа секунди во дуелот со Велс, ама фудбалот се игра до последниот судиски свиреж и во случајот за нас ни донесе болен удар затоа што примивме гол во 96 минута за конечни 1-1.
Токму поради ова во нашиот табор жалат што не беа освоени трите бода, поточно за испуштената шанса за освојување на целиот плен.
-Мечот да завршеше без голови, можеби ќе бевме позадоволни, вака останува горчината дека бевме многу блиску до трите бода, -истакна селекторот Благоја Милевски.
-Велс е сериозна репрезентација, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги. Меѓутоа нашите фудбалери напредуваат од собир во собир и ни фали уште тој фактор плус за да бидеме над селекции како Велс. Не би рекол дека играчите се израдуваа пред време, не верувам дека момците од еуфоричност направија грешки, но такви моменти се случуваат, -додаде селекторот.
Во јуни не очекуваат пресметки со Белгија и Казахстан.
-
НБА12 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
НБА16 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија15 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Балкан6 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Македонија13 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Италија14 часа
Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент