Поврзете се со нас

Свет

Карапалевски и Димитриоски одиграа скоро без грешка, Валјадолид „гази“ во АСОБАЛ лигата

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/Santi Molina

Македонските интернационалци, Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски се израдуваа на нова победа со Валјадолид, петта во низа во АСОБАЛ лигата.

Составот на Валјадолид денеска ја потврди одличната форма и ја оправда улогата на фаворит во соочувањето со Анаитасуна со триумф од 34:26. Избраниците на Писонеро знаеја што сакаат на овој меч уште од првата минута, па така уште по првиот дел се стекнаа со убедлива предност од 17:10, а потоа во продолжението рутински ја заокружија оваа партија.

Одлични беа Карапалевски и Димитриоски, Мартин имаше перфектни два од два, Диме пак имаше три реализации од четири обиди.

Валјадолид со 26 бода е на 5. место во Шпанија, нареден ривал му е тимот на Куенка што е тим кој е на осмата позиција на прволигашката табела.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни