Поврзете се со нас

Балкан

„Индекс“: Канаваро изведе невиден потег со Ристовски

Објавено

на

Динамо киксираше во 27-то коло во Првата фудбалска лига во Хрватска и пропушти добра шанса уште толку да се приближи до врвот, па по ремито на гостувањето кај Вараждин, актуелниот шампион сега има „минус 5“ од лидерот Хајдук.

Како и многупати оваа сезона, тимот од хрватската престолнина се мачеше и одигра 1:1 против Вараждин, но овој натпревар привлече големо внимание за хрватските медиуми и поради еден необичен потег на Фабио Канаваро.

Легендарниот Италијанец го презема Динамо за време на зимската пауза и го прифати предизвикот да го врати тимот на вистински пат, па иако засега тоа не успева да го исполни во целост, често се наоѓа во фокусот на јавноста поради потези како оној вчера.

„Индекс“ посвети специјална вест за потегот кој го изведе Канаваро со поранешниот македонски капитен, Стефан Ристовски, кој интересно влезе во игра со добиен жолт картон.

Канаваро во 73-та минута му даде шанса на искусниот десен бек како резерва на вчерашниот натпревар, и тоа во ситуација кога Стефан веќе имаше добиено опомена поради приговор од клупата.

– Тренерите обично ги вадат од игра фудбалерите кои се склони кон остра игра и приговори, но тренерот на Динамо го внесе во игра Ристовски откако доби жолт картон на клупата за резерви. И покрај наведената склоност, Канаваро го стави во игра и имаше зголемен ризик да остане со играч помалку во завршницата, – пишува „Индекс“.

Веста на Индекс прочитајте ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни