Поврзете се со нас

Европски купови

ЕХФ ги одреди термините: Алкалоид ќе игра големо европско полуфинале на Велигден

Објавено

на

Ракометарите на Алкалоид направија историски успех со пласманот во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, а по остварениот триумф над Баја Маре, за избраниците на Кирил Лазаров ќе следи тринеделна европска пауза пред двомечот со Рунар Сандефјорд.

Норвешкиот тим ќе биде противник на Алкалоид во полуфиналето на европското натпреварување и последна пречка до големото финале, па иако беше познато дека натпреварите ќе се играат во втората половина на месец април, сега ЕХФ ги одреди точните термини.

И покрај тоа што постоеше можност Алкалоид да побара да игра во поголема сала како „Борис Трајковски“, на крајот тимот реши да остане да игра во салата „Автокоманда“, а тоа во дадениот случај со Рунар ќе го прави точно на Велигден.

Алкалоид ќе брка позитива на домашен терен на големиот верски празник, а ЕХФ одреди натпреварот на 20-ти април да се одигра во 19:00 часот.

Реваншот во Норвешка е на програмата седум дена подоцна, или поточно на 27-ми април во 17:00 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни