Македонија
Давидовски со подиум ја затвори седмата сезона од ТЦР Европа

Виктор Давидовски финишираше на третото место во последната 12. трка од сезоната на Европското ТЦР првенство, возена во Валенсија, притоа држејќи го зад себе во текот на целата трка Орелијан Комте, најголемиот ривал за шампионската титула на неговиот тимски колега Франко Џиролами.
Македонскиот возач кој веќе седум години се докажува во најсилното европско натпреварување стартуваше од пол позицијата, но поради пролизгување беше престигнат од Џими Кларе, кој подоцна победи во трката пред Рубен Волт. Во два наврати беше аплицирано возилото за безбедност, но Давидовски остана непопустлив и со тоа му даде време на Џиролами да напредува во трката откако стартуваше од деветто место.
Џиролами во вториот летечки рестарт дојде веднаш зад Комте и со тоа ја неутрализираше заканата по шампионската титула, но на крајот беше престигнат од Санатијаго Консепсион, но тоа не влијаеше во расплетот за титулата. Ова е втора титула за Франко Џиролами во ТЦР Европа, откако дебитираше во 2020 година за македонската екипа „ПСС Рејсинг“. На крајот тој имаше 395 бода, Комте е втор со 382, додека третопласиран е најдобриот возач на Хонда, Игнасио Монтенегро. Индивидуално, Виктор Давидовски освои 178 бода и се најде на деветто место.
Благодарение на солидното возење на Давидовски, со бодовите од неговото трето место, неговата екипа „Монлау Моторспорт“ ја обезбеди вицешампионската позиција во екипна конкуренција. „АЛМ Моторспорт“ благодарение на тоа што имаше тројца возачи на крајот е прва со 698 бода, додека „Монлау Моторспорт“ е на второто место со 609 бода, пред „СП Компетишн“ на Орелијан Комте.
-
НБА12 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
НБА16 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија15 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Балкан6 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Македонија13 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Италија14 часа
Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент