Ватерполо
Србија најде решение за големиот ривал Хрватска и освои трето олимписко злато по ред на ОИ

Српската ватерполо репрезентација го победи големиот ривал Хрватска (13:11) во финалето на олимпискиот турнир и стигна до највисокото место на победничкиот пиедестал во Париз.
Големото балканско дерби дојде откако двете селекции беа четврти во своите групи, но успеаја да ги надиграат ривалите во четвртфиналето, односно полуфиналето, а Србите уште од почетокот најавија дека се порасположени и поблиску до златните медали.
Првата четвртина заврши со резултат 5:2 во корист на нашиот северен сосед, следуваа две израмнети четвртини во кои Србите не дозволија намалување на негативата, а на Хрватите тоа само симболично им успеа во последниот период кој го добија со 3:2 за конечни 13:11.
Србите триумфираат третпат по ред на олимписките турнири, нешто што досега и успеало уште само на репрезентацијата на Унгарија.
Претходно, во битката за бронзените медали, Американците ја совладаа Унгарија по подобро изведување петерци.
-
НБА12 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
Шпанија15 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
НБА16 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија17 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Балкан6 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Македонија14 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Италија14 часа
Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент