Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шпанските медиуми го објавија видеото кое може да му донесе суспензија на Мбапе во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

УЕФА пред два дена потврди дека започнала официјална истрага за однесувањето на дел од ѕвездите на Реал Мадрид на дуелот со градскиот ривал Атлетико во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Закана од дисциплинска постапка и суспензија им се заканува на Винисиус, Килијан Мбапе, Антонио Ридигер и Дани Себалјос, фудбалери кои на различен начин ги провоцирале домашните фанови на „Метрополитано“.

Атлетико испратил видео материјал до УЕФА поткрепувајќи ги обвинувањата за недолично однесување, а шпанските медиуми го објавија потегот на Мбапе, поради кој Французинот може да заработи суспензија.

„Поздравот“ упатен до противничките фанови може да му создаде проблем на фудбалерот на Реал Мадрид, односно да го пропушти првиот дуел со Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни