Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул потврди дека Ферстапен ќе има нов тимски колега уште во Јапонија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Вчерашната најава на „Би-Би-Си“ за неочекувано рано реализирана рокада во двата тима на Ред Бул, денеска е официјализирана и потврдена од Формула 1 тимот.

Неубедливиот старт на Лиам Лоусон како партнер на Макс Ферстапен во Ред Бул, ги натера челниците на тимот да донесат одлука за префрлување на 23-годишниот пилот од Нов Зеланд во вториот тим Рејсинг Булс.

Неговото место ќе го заземе Јуки Цунода, кој дебито во помоќниот болид ќе го има пред своите фанови во Јапонија, на гран при викендот закажан од 4 до 6. април.

– Беше тешко да се гледа како Лиам има проблеми со РБ21 болидот на првите две трки, па како резултат на тоа донесовме одлука да направиме промена, – вели Кристијан Хорнер во клупското соопштение.

Голем број од медиумите го критикуваат Ред Бул поради пребрзо донесената одлука, нарекувајќи ја рокадата најбезмилосна одлука досега, а Лоусон повторно ќе треба да се докажува, но сега како тимски колега на Исак Хаџар во вториот тим на Ред Бул.

На трката во Мелбурн, Лоусон беше 18-ти во квалификациите и потоа не стигна до целта, додека во Кина беше последен во квалификациите за спринтот и трката, а на крајот стигна до 14 и 12. место на двата натпревара.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни