Поврзете се со нас

Формула 1

Потоп за Ферари: Леклер и Хамилтон дисквалификувани по трката во Кина

Објавено

на

Фото: https://x.com/ScuderiaFerrari

Шарл Леклер и Луис Хамилтон ги освоија петтото и шестото место на Формула 1 трката во Кина, но на крајот останаа и без тие поени од вториот гран при викенд во новата сезона.

Непосредно по завршувањето на трката, ФИА информираше дека отворила истраги за болидите на тројца возачи поради прекршувања на одредени правила поврзани со тежината на болидите.

Во фокусот беа болидите на Ферари, како и Пјер Гасли од Алпин, кој исто така е дисквалификуван и остана без својот пласман на патеката во Шангај (единаесетто место).

Стјуардите на ФИА официјално известија дека тројцата натпреварувачи останале без својот пласман, односно се дисквалификувани, па дел од нивните ривали добро ќе профитираат.

Леклер и Гасли се казнети затоа што нивните болиди биле полесни од потребното, додека проблемот кај Хамилтон бил со прекумерно абење на материјалот на долниот дел од болидот.

Сега петтото место му припадна на Окон, шести е Антонели, седми е Албон, а до десеттото место се најдоа и Берман, Строл и Саинц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни