Олимписки игри
Парагвајците отстраниле пливачка од олимпиското село поради „непристојно однесување“

Досегашниот тек на Олимписките игри во Париз донесоа неколку контроверзни моменти, а најновиот е поврзан со олимписката делегација на Парагвај.
Јужноамериканската земја решила да ја отстрани пливачката Луана Алонсо од олимпиското село, односно да спречи нејзина комуникација со останатите претставници на земјата, а објаснувањето е дека причина за овој потег е непристојното однесување на Алонсо.
Пливачката се најде во центарот на вниманието на медиумите во својата земја откако најави дека ја завршила својата професионална пливачка кариера веднаш откако настапи на ОИ, односно не успеа да ги помине квалификациите во трката на 100 метри делфин.
Токму таквата информација била повод Парагвајците да и сугерираат на Алонсо дека треба да го напушти олимпиското село, но таа повторно се враќала кај своите сонародници, користејќи ја невообичаената ситуација и незавршените формалности околу дефинирање на пристапот на локацијата каде се сместени спортистите.
Алонсо е посебно популарна на социјалните мрежи и само на Инстаграм ја следат повеќе од 540.000 корисници на социјалната мрежа.
-
НБА12 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
НБА16 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија15 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Шпанија6 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Балкан6 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…
-
Македонија13 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Италија14 часа
Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент