Поврзете се со нас

Италија

Лукаку дојде до 400. гол во кариерата, Наполи со вредна победа во трката за Скудетото (ВИДЕО)

Објавено

на

Наполи се избори за победа над Милан од 2-1 во дерби средбата од 30. коло во италијанската Серија А.

Иако наполитанците беа под притисок по триумфот на Интер над Удинезе, избраниците на Антонио Конте соодветно одговорија на теренот и дојдоа до славје со кое остануваат во трка за Скудетото, односно повторно се на минус три во однос на „нероаѕурите“.

Домаќините ги реализираа своите најдобри шанси во првото полувреме, па така прво Политано донесе водство, а потоа Лукаку со 400. гол во кариерата зголеми на 2-0.

Со овој резултат се замина на одмор, а по истиот Милан беше далеку подобра, поконретна екипа на „Диего Армандо Марадона“. Меѓутоа гостите не реализираа пенал преку Хименез во 69 минута за да во во 84 намалат на 2-1 со голот на Јовиќ, ама немаа сила и да се спасат од пораз.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни