Фед куп
Тенисерките се во Ларнака, следи настап во Били Џин Кинг Купот

Женската тениска репрезентација на Македонија е пред нов предизвик и тоа во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот (БЏК купот).
По кратките подготовки во Скопје, селекцијата веќе е во Ларнака (Кипар) каде допрва ќе ги дознае ривалите.
На настанот во Ларнака ќе играат 11 репрезентации, кои ќе бидат поделени во три групи (две со четири селекции, а една со три селекции). Покрај Македонија ќе настапат уште националните тимови на: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар (домаќин), Египет, Естонија, Грузија, Израел, Косово, Норвешка и Јужна Африка.
-Добро трениравме изминативе денови. Групата е посилна од ланската сезона бидејќи од Првата зона испаднаа Бугарија и Норвешка, другите репрезентации се истите од лани, а има и тенисери со повисок ранг. Има неколку тенисерки од рангот ТОП 200, па и на ниво на Лина Ѓорческа, а има и од ТОП 100. Извлекувањето на групите ќе биде в недела, па после ќе ги правиме плановите.
-Во „првиот шешир“ ќе бидат: Норвешка, Бугарија и Египет што значи дека ќе играме против една од овие три селекции. Ние се наоѓаме во „вториот шешир“. Мора да одиграме добро како и лани и во игра на двојки што е важно особено ако биде 1-1 по сингл мечевите. Немаме посебни желби за противници, изјави капитенот Димитар Лабудовиќ.
Македонија за овој настан е во состав Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ана Митевска и Јана Божиновска.
Првите мечеви се предвидени да се играат на 7. април во понеделник, а ќе се игра до 12.април.
-
Лига на шампиони22 часа
Роџерс: Ќе страдаме против ПСЖ, но можеме да ги победиме
-
Шпанија17 часа
Тензија во Валјадолид: Перез сакаше да се пресмета со соиграч на клупата за резерви (Видео)
-
НБА20 часа
Пирс: Тој е најнепочитуваната ѕвезда во НБА лигата
-
Англија18 часа
Аморим за ремито со Сити: Бевме поблиску до постигнување гол
-
Македонија20 часа
Силекс на интересен начин го одбележа еврголот на Донов за победа: Од таму шутирај колку сакаш (ВИДЕО)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ го објасни проблемот со окото и за тоа кој ќе му биде главна поддршка во Монте Карло
-
Балкан24 часа
Барди намести гол за важна победа на Бодрумспор (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Гвардиола откри зошто си заминува Де Брујне: Одлуката е донесена…