АТП
Ѓоковиќ го објасни проблемот со окото и за тоа кој ќе му биде главна поддршка во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои Мастерсот во Мајами, но вели дека го радува фактот што стигнал до финалето и сега со слични амбиции го дочекува настапот во Монте Карло.
Српскиот тенисер ќе има нов обид да стигне до стотиот АТП трофеј без тренерот Енди Мари, кој според заедничкиот договор нема да биде присутен во кнежевството. Ѓоковиќ вели дека негова главна поддршка ќе му биде братот Марко, кој ќе ги следи мечевите од трибините.
– Во ниту еден момент немавме договор со Мари дека ќе ме следи на овој турнир. Затоа, присуството на мојот брат Марко ќе ми помогне на поинаков, емотивен начин, – рекол Ѓоковиќ.
Тој открил и каков проблем имал во Мајами, односно во финалето кое го играше со видлив проблем на окото.
– Се работи за вирусна инфекција, ми се појави пред полуфиналето и ми правеше проблеми во финалето, но сега се повлекува, – открил третиот носител на Мастерсот во Монте Карло.
Ѓоковиќ ќе биде слободен во првата рунда, а во втората ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Вавринка и Табило.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)