Шпанија
Мбапе со една кратка изјава јасно стави до знаење какво мислење има за Винисиус

Килијан Мбапе е единствениот фудбалер на Реал Мадрид кој доби преодна оценка за изданието кое го имаше против Валенсија, натпревар на кој „кралевите“ направија голем чекор назад во битката за титулата во Ла Лига.
„Лилјаците“ славеа на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од 17 години и режираа непријатно изненадување за ѕвездите на Карло Анчелоти, кои добиваа и одредени свирежи во текот на натпреварот.
Винисиус Жуниор игра доста полошо од очекувањата во последно време и на средбата со Валенсија во неколку наврати доби свирежи од трибините, а бидејќи веќе се појавија теории дека Мбапе е подобар без Бразилецот во старниот тим, новинарката Ана Пастор од телевизијата „Ла Секста“ му постави директно прашање на оваа тема.
– Имам добар однос со Винисиус, без разлика на информациите кои пристигнуваат од луѓето. Сите сакаат да зборуваат за нас бидејќи сме двајца познати фудбалери кои можат да направат разлика во секој момент.
– Јас дојдов во Реал Мадрид за да играм со Вини. Не можам да го замислам овој Реал без Вини, дојдов со идеја да играм со него и со сите останати извонредни фудбалери, – порачува Мбапе.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија15 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…