Англија
Невил бара пет нови играчи за Аморим во стартната постава: Актуелните не се доволно добри

Како огромен дел фудбалски фанови, Гери Невил остана разочаран од епилогот и целосната слика која го понуди големото манчестерско дерби, но како страствен фан на Јунајтед кој секогаш бара промени на подобро, реши јавно да побара од раководството да ангажира фудбалери кои ќе помогнат на доразвивање на ситемот кој го негува Рубен Аморим.
Поранешниот дефанзивец на Јунајтед потенцира дека Аморим е осуден на пропаст со добар дел од актуелните играчи кои често се и во стартната постава, а за почеток посочи петмина кои не се доволно добри за почетните 11.
Јунајтед во добар дел од мечот се бранеше со низок блок и се обидуваше да профитира од брзи против удари, па иако домаќините беа и поопасни на теренот, Невил не е задоволен од пристапот на игра.
– Сфаќам зошто Аморим играше со низок блок на моменти. Со оглед играчите кои ги поседува, добар дел од нив не одговараат на неговата филозофија. На Јунајтед му се потребни најмалку пет нови фудбалери за старт, треба да се почне од тоа.
– Тројцата играчи во нападот не се добри, а потребни се и двајца нови играчи на бековските позиции, актуелните не се доволно добри. Потребни се пет играчи за стартната постава, мора да му сервираат пет нови играчи за старт, бидејќи само така ќе може да го имплементира својот систем, – анализира Невил, кој во дадениот случај алудира на Хојлунд, Зиркзе, Гарначо, Дало и Доргу.
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Италија24 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија14 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Лига на шампиони24 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти