Поврзете се со нас

Шпанија

Луда сторија од Франција: Ја освои триплетата со Барселона, а сега работи како продавач во Марсеј (Фото)

Објавено

на

Фото: x.com/FCBarcelona

Големите фудбалски ѕвезди понекогаш знаат да имаат и чудни патишта по крајот на играчките кариери, па иако најчесто сме сведоци на случаи во кои гледаме нови тренери, нови спортски аналитичари и работи кои се поврзани со фудбалот, има и такви кои се решаваат и за малку почудни потези.

Последниот таков пример ни доаѓа од Франција, или поточно од „Интерспорт“ продавницата во Марсеј, каде од неодамна вработен како продавач е играч кој освои триплета со Барселона.

Жереми Матје играше во ист тим со Меси, Нејмар, Суарез, Чави и Иниеста и одигра важна улога како дефанзивец во тимот кој освои три титули, но како човек кој беше максимално скромен уште за време на играчката кариера, сега не се срами да има обична работа.

Како што информираа угледните француски медиуми, Матје пред извесно време се вработил во „Интерспорт“ продавницата за спортска опрема во Марсеј, сето тоа како обид да си го пополни своето слободно време по заминување во пензија.

„Лекип“ информира дека Матје не се решил за ваков потег поради недостиг на пари, туку за да се чувствува корисно во период кога напоредно се подготвува и за слендиот чекор во фудбалот, односно градење на тренерска кариера.

Според информациите, Матје истовремено оди и на курсеви за добивање на тренерска лиценца, но во меѓувреме стана вирален хит поради неговата фотографија како вработен во продавницата на „Интерспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни