Поврзете се со нас

Атлетика

Ивановски го освои четвртото место на полумаратонот во Белград

Објавено

на

Дарио Ивановски имаше добра генералка во Белград за Европското првенство во Брисел, бидејќи најдобриот македонски атлетичар истрча со четврто најдобро време на полумаратонот низ улиците во српската престолнина. 

Ивановски се пријави за полумаратонот и делницата долга 21 километар ја истрча за еден час, седум минути и 22 секунди, што всушност беше најдобро време на еден европски натпреварувач на денешната трка. 

Македонецот заврши веднаш зад африканските атлетичари кои доминираа и на полумаратонот, а фактот што на истиот учествуваа повеќе од 3,680 натпрварувачи од различни земји, доволно говори дека Ивановски е во фантастична форма.

Победник на полумаратонот во Белград беше Кениецот Муалуку Михаел со време од еден час, три минути и 38 секунди, а зад него беа уште двајца Африканци.

Двајца атлетичари од Етиопија не му дозволија на Ивановски да се најде на пиедесталот, а тоа беа Демис Анегаренг Гамед и Абдел Годан Гемеда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни