НБА
Дончиќ и Лејкерс издоминираа на гостувањето кај Оклахома Сити

Лос Анџелес Лејкерс издоминира на гостувањето кај Оклахома Сити и стигна до заслужена и убедлива победа (99:126) во дуелот со лидерот во западната конференција во НБА лигата.
Лука Дончиќ блескаше во првото полувреме на незгодното гостување и заедно со соиграчите донесе целосна доминација и најава за рутинска победа против екипата предводена од Шег Гилџус-Александер.
Словенецот го заврши натпреварот со 30 поени, 7 скокови и 6 асистенции, а зад него следуваа Ривс со 20 и Џејмс со 19 поени.
Гилџус-Александер со 26 поени за нешто повеќе од 30 минути на теренот повторно се истакна во редовите на Тандер, но не можеше да го спречи четиринаесеттиот пораз за Оклахома досега.
Лејкерс барем привремено се зацврстија на третото место на Западот со ефект 48-30 и останува да се види дали ќе го задржат тоа место во пресрет на плејофот.
-
Англија24 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија22 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија23 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА21 час
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА11 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА8 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Англија6 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони9 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…