Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен за дуелот со Норис: Прилично скапа косилка за трева (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен ја одбрани првата позиција во Јапонија и успеа четврта сезона по ред да слави на Сузука, патека која полека се претвора во една од омилените за четирикратниот светски шампион.

Ферстапен не остави простор за Ландо Норис во ситуација кога Мекларен изгледаше доста побрзо на патеката, но искусниот првак не се предаде и во ситуација кога механичарите на Ред Бул беа за нијанса побавни при првото менување на гуми.

Макс и Ландо се најдоа во ситуација паралено да излезат од боксот, па на крајот возачот на Мекларен заврши во тревата и остана зад лидерот на трката.

Овој инцидент не беше разгледуван од дирекцијата на трката и покрај тоа што Ландо се пожали дека бил истуркан од Холанѓанецот, но откако страстите спласнаа, двајцата имаа и урнебесна конверзација за оваа ситуација во собата за одмор.

– Прилично скапа косилка за трева…., – му порача насмеаниот Ферстапен на Ландо додека двајцата го гледаа дуелот на екранот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни