Италија
Јувентус ја прекина победничката серија на Рома (Видео)

Мануел Локатели донесе предност за Јувентус по првото полувреме на дербито со Рома, но домаќините израмнија на почетокот на вториот дел и го поставија конечниот резултат 1:1 во последниот натпревар од денешната програма во Серија А.
„Бјанконерите“ ја прекинаа серијата од седум победи по ред на Рома, а ова им е и прво реми под водство на новиот тренер Игор Тудор.
Јувентус имаше иницијатива од почетокот на средбата, не реализираше неколу шанси пред голот на „волчицата“, а за разлика од претходните ситуации, Свилар не успеа да спречи погодок по атрактивниот волеј удар на Локатели во 40. минута.
Гостите сепак не го задржаа водството предолго, бидејќи на стартот на вториот дел резервистот Шомуродов беше заборавен од дефанзивците по изведен корнер, а тој успеа да ја затресе мрежата на Ди Грегорио.
Во продолжение, Јувентус повторно имаше повеќе од поседот на топката, поконкретно се обидуваше да дојде во втор гол, но на крајот ќе мора да се задоволи од освоениот бод на „Олимпико“.
Со истиот, Јуве е израмнет со Болоња, со 56 бодови на четвртото место на табелата, додека Рома има три помалку во пресрет на градското дерби со Лацио во следната рунда.
LOCATELLI GOL 💥 pic.twitter.com/mCz6UobSoG
— JuveFC (@juvefcdotcom) April 6, 2025
⚽️ GOAL: Shomurodov
🇮🇹 Roma 1-1 Juventuspic.twitter.com/I8VZImtx5O
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 6, 2025
-
Свет22 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија20 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија18 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија19 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА17 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија21 час
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА7 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона