Англија
Јуриќ избега од Саутемптон откако постави неславен рекорд во Премиер лигата

Иван Јуриќ нема по добро да ја памети сезоната 2024/25, од една страна поради ужасни резултати кои резултираа со отказ во Рома, а од друга поради катастрофалното искуство во Премиер лигата кое го завршува ова утро.
Искусниот хрватски стручњак денеска ја активирал специјалната клаузула за ослободување во неговиот договор, според која Јуриќ од овој момент веќе нема никаква врска со Саутемптон.
Тимот од „Ст. Мери“ вчера официјално испадна во Втора лига откако загуби на гостувањето кај Тотенхем со 3:1, но условите во кои се случи тоа, направи Јуриќ да постави еден неславен рекорд.
Саутемптон е тимот кој најбрзо испаднал во една натпреварувачка сезона во Премиер лигата, бидејќи шансите за опстанок математички завршија на седум кола пред крајот.
Катастрофалниот период во Саутемптон на крајот го принуди Јуриќ да ја активира клаузулата и веднаш да си замине од клубот, па така неговиот циклус во Англија завршува после само 107 дена и малку веројатно е дека некогаш ќе добие нова шанса да работи на Островот.
За три ипол месеци минати во англиската елита, Јуриќ оствари само една победа во Премиер лигата (онаа над Ипсвич), па јасно е дека ниту еден фан на Саутемптон нема да жали за неговото заминување.
-
Лига на шампиони22 часа
Роџерс: Ќе страдаме против ПСЖ, но можеме да ги победиме
-
Шпанија16 часа
Тензија во Валјадолид: Перез сакаше да се пресмета со соиграч на клупата за резерви (Видео)
-
НБА20 часа
Пирс: Тој е најнепочитуваната ѕвезда во НБА лигата
-
Англија18 часа
Аморим за ремито со Сити: Бевме поблиску до постигнување гол
-
Македонија19 часа
Силекс на интересен начин го одбележа еврголот на Донов за победа: Од таму шутирај колку сакаш (ВИДЕО)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ го објасни проблемот со окото и за тоа кој ќе му биде главна поддршка во Монте Карло
-
Балкан23 часа
Барди намести гол за важна победа на Бодрумспор (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Гвардиола откри зошто си заминува Де Брујне: Одлуката е донесена…