Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола распали по навивачите на Јунајтед: Треба да се засрамат (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Големото манчестерско дерби кое се одигра на „Олд Трафорд“ ги разочара неутралните фудбалски фанови и остави навистина лош севкупен впечаток, па во недостиг на голови и стопроцентни шанси, новинарите мораа да се занимаваат и со невкусни ситуации кои беа иницирани од навивачите на трибините.

Домашните фанови на „Олд Трафорд“ посебно го „почестија“ Фил Фоден и го испратија од теренот со навистина непријатни и неблагодарни коментари, а целата оваа ситуација на крајот ја коментираше и Пеп Гвардиола.

Во серијата навреди, дел од навивачите на Јунајтед ја вклучија и мајката на англискиот репрезентативец (твојата мајка е к..ва), по што Пеп без многу штедеше распали по оние не покажаа нималку класа.

– Недостиг на класа, но тоа не важи за Јунајтед, тоа важи за навивачите. Сите ние сме изложени на вакви непријатни работи. Менаџери, газди, но особено фудбалерите.

– Не можам да ги разберам размислувањата на фановите кои во целата ситуација ја вклучуваат мајката на Фил. Тоа е недостиг на интегритет, недостиг на класа и треба да бидат засрамени. Но, тоа е што е….. Ова се случува насекаде, а не само во Велика Британија, – порача Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни